Апликација на денот: Македонската Animal Kids е финалист на Microsoft AppStar

Animal Kids е македонска едукативна видеоигра за Windows Phone, креирана од Бранко Димитријоски. За разлика од најголем дел од македонските игри не е бесплатна и за неа корисниците треба да платат еден долар. Се плаќа за најмладите корисницит да уживаат во играта без да бидат попречени од реклами. Играта се најде меѓу победниците на втората рунда на Microsoft AppStar.

„Преку апликацијата, децата ќе можат забавен начин да ги учат животните, нивните имиња и главни карактеристики, да ги распознаваат нивните звуци, тестираат своето знаење преку квизови и сето тоа без огласи кои ќе иритираат и ја попречуваат забавата“, вели Бранко.

Со помош на Animal Kids, децата можат да научат повеќе за животните, од звуците кои со ги прават животните, да ги препознаваат на сликите, но и да научат повеќе за нив преку информативен текст. Дополнително дел од играта е и „довршија ја сликата“ – игра во која корисникот треба да го доцрта започнатото животно. Играта има над 35 животни, квизовите имаат три нивоа на тежина, реални звуци на животните, повеќе точни информации, едноставни упатства при цртањето, но и можност за креирање на виртуелна зоолошка градина со дел од омилените животни.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии