Aпликација на денот: Ingress, играта на Google со проширена реалност, е достапна и за iOS

Играта со проширена реалност на Google, во која како Resistance го спасувате човештвото, или како Enlgithened го еволуирате на повисоко нив, сега е достапна и за iOS. Ingress, која пред половина година беше претставена за Android, ја користи проширената реалност за да ви симулира футуристичка борба во реалниот свет кој што го познавате и низ кој се движите секој ден. Вистинските споменици и други знаменитости се искористени како точки за „собирање“ на виртуелни портали од каде истекува таканаречената Exotic Matter, интелигентна материја откриена случајно во CERN со Large Hadron Collider, која може да го контролира човечкиот ум.

Ingress е уникатна и интересна игра, која освен футуристичката приказна и интерфејс кој ви прави да се чувствувате дека навистина припаѓате на Resistance или Enlightened, сепак е локациска игра која најдобро се игра со шетање, па конечната цел и е добронамерна – ќе ве натера да ги шетате знаменитостите низ градовите, и можеби по пат и да се подружите со другите играчи. Токму ова поврзување со вистинскиот свет ја прави Ingress нашата „Апликација на денот“.

[youtube]92rYjlxqypM[/youtube]

1 коментар на “Aпликација на денот: Ingress, играта на Google со проширена реалност, е достапна и за iOS

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии