Апликација на денот: Hooky е македонска игра на 15-годишен Android програмер

Hooky е нова македонска игра која од неодамна е достапна на Google Play. Станува збор за прва игра на Бојан Вучевски од Велес кој има само 15 години.

Играта е 2Д „endless runner“ и тоа што е можеби најинтересно е што секое ниво се креира по случаен избор што прави секоја од партија да биде единствено искуство. Гејмплејот е едноставен и забавен, екранот постојано се движи, а играчот треба со помош на „харпун“ да се закачуваат на плавите платформи, постојано следејќи го движењето на екранот. Иако графиката е симплистичка, можеби треба да поработи на неа, сепак во текот на играњето нема да го забележите недостатокот на детали. Hooky е направена во Unity и Бојан се обидува колку е можно да имплементира реалистична физика.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии