Апликација на денот: FridgeCheck ќе ви даде идеја што да зготвите

На својот прв роденден, кој беше прославен во Скопје, Fridgecheck го стартуваше и својот нов дизајн со кој цели да го освои интернационалниот пазар. Овој стартап, основан од хрватскиот претприемач Иван Мајсторович, а креиран од македонски програмери во Скопје, веќе има локални верзии за Босна, Србија и Македонија на кои се споделуваат рецепти за храна. Редизајнираната верзија е достапна на веб и за Android, a наскоро и за iOS.

Но, FridgeCheck не е обична апликација за готвење, туку сака да биде уникатен сервис кој ќе ви помагне да ја менаџирате храната која ја имате во фрижидерот. Апликацијата има две интересни функционалности – првата е што ви дава совет за оброк според тоа што ви останало во фрижидерот, и ви дава опција да изберете од неколку популарни рецепти; и второ ви помага да креирате шопинг листа која може да се прати на имејл, SMS или друга апликација, пример до вашито партнер, цимер или сопруг. Целта на FridgeCheck е да го скрати времето на стоење пред фрижидер и размислување што да се јаде.

Откако го сработија новиот дизајн, FridgeCheck започна да работи на бизнис модел за директен маркетинг и комерцијализација на проектот. Засега, апликацијата ќе го задржи freemium моделот, и ќе се обиде како таква да се истакне на некој иден стартап натпревар.

„Стартап натпреварите се добра можност да се направи вмрежување, така што одговорот е да, планираме да учествуваме. Моментално сме мала компанија од 10 до 15 луѓе, чија цел не е само да победи на натпревар, туку да изгради мрежата на познанства со инвеститорите. До сега сме учествувале на неколку стартап натпревари како Rock Paper во Ријека, Startup Sauna во Загреб и Mobile AppCamp во Скопје“, вели Иван.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии