Апликација на денот: Facebook Groups сега е самостојна апликација

Facebook Groups е нова iOS и Android апликација од Creative Labs која е во целост посветена на разговорите кои се водат во рамките на Facebook групите. Апликацијата овозможува поедноставно споделување на содржини во групите во кои корисникот членува, а дополнително корисниците ќе можат да откријат и други групи кои се поврзани со некои од групите во кои веќе членуваат.

Идејата зад потегот да се направи самостојна апликација е огромниот број на корисници. Според информации на Facebook над 700 милиони корисници секој месец имаат интеракции во групите. Creative Labs сакаше да креира подобро искуство токму за овие корисници, вели The Next Web. Creative Labs се креатори на неколку апликации како Slingshot, Paper и Rooms, а станува збор аз навистина продуктивен тим кој е дел од Facebook.

Но, за сега друштвената мрежа нема да ги примора своите корисници да ја користат Facebook Groups за разговори во групите, како што беше случај што со Facebook Messenger. Доколку се случи ова или преку глава ви е од Messenger, друштвената мрежа има навистина одличен мобилен сајт кој може да го користите наместо овие апликации.

[youtube]HKJVfaAAU9k[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии