Апликација на денот: Дознајте кога ќе пристигне автобусот со ЈСП Возен ред за Android

Понекогаш едноставна апликација е далку покорисна од некои кои сакаат да бидат што е можно пофункционални. Затоа ЈСП Возен Ред, Android апликација од Томче Делев, е нова апликација на денот. Како што и кажува името им помага на корисниците да се снајдат со градскиот превоз во Скопје. Апликацијата е едноставна за користење и овозможува следење на автобусите за корисниците да не го пропуштат автобусот. Возниот ред на апликацијата се ажурираат од сајтот на ЈСП, а проверката е едноставна преку избор на општината и автобусот кој го чекате, по што може да ги погледнат термините за пристигање на автобусот. Томче вели дека девојка му го инспирирала да ја направи апликацијата бидејќи другите слични за Android не работеле како што треба.

Најголема предност е едноставниот дизајн и уште поедноставната навигација низ апликацијата. За некоја нејзина идна верзија можеби останува интеграција со Google Maps за корисниците да можат да се снајдат едноставно преку локацијата во случај да не го познаваат реонот.

„Токму едноставноста ја прави корисна и го прави тоа за што е наменета на најдобар начин“, објаснува Томчe. „А Android затоа што тоа е платформата која ја работам и знам, а за iOS не би требало да е проблем да се развие слична. Поголем проблем беа податоците и нивната обработка, затоа што не постои API од ЈСП, а јас би ги споделил со некој кој би сакал да развие слична за iOS“.

7 коментари на “Апликација на денот: Дознајте кога ќе пристигне автобусот со ЈСП Возен ред за Android

  1. Неусовршен, нефункционален плагијат на „Автобуско“ која за разлика од оваа „апликација“ си ја врши работата. Нема потреба од објаснување, мразам неинтуитивни идеи и луѓе кои само копираат и се промовираат со помош на позицијата што ја имаат на факултет. Разочарување…

      1. koj del ti ne go razbra od mojot komentar. samite jsp ne se organizirani. ne postoi kategorizacija na avtobuski stanici iminja nemaat ili nekoj edinstven broj, ne pisi vo kolku satot koga kaj se naoga avtobusot. za nekoj koj ne e od skopje ne mozi nisto da razberi. kolku i app da se prat e dzabe. ustre da smenat dizajnot na stranata jsp skriptata nema da raboti. app si e super ama e dzabe nema prostor za ponatamosen razvoj. se drugoto e samo macenje na programerot za utre koga ke se smeni nesto kaj jsp se da padni vo voda. ne postoi otvorenost na podatocite. se ke zavrsi kako i ostanatite 1000 app za avtobusi.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии