Апликација на денот: Џејми Оливер сака да имате поздрави навики со You-app

You-app е апликација за iOS чија цел е да ви помогне да изградите навики за поздрав живот. You-app не се разликува премногу од останатите слични апликации, но без сомневање поддршката на познатиот готвач Џејми Оливер и неговото промовирање значат многу.

Креирана од студио Fifth Corner Inc. од Хелсинки, апликацијaта веќе има финансиска поддршка од 550.000 долари од ангели инвеститори. Тоа што ја одвојува апликацијата е што има одлична графичка поддршка и многу од дизајнот позајмува од Instagram, вели Techcrunch.

Основната идеја зад апликацијата е да ја користи науката за да го подобри животниот стил. Чекорите кои ги прават корисниците треба да бидат корисни и лесни за секој да може да ги направи. Овие мали промени во навиките кои секој корисник може да ги направи без проблем се поедноставни, отколку крупни промени наеднаш, вели Нели Лахтенмеки од Fifth Corner. Засега апликацијата е достапна само за iOS, но најавено е дека ќе има и Аndroid верзија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии