Апликација на денот: Читајте македонски вести со Klik за iOS

Klik е iOS апликација од Кирил Кироски која не информира за вестите околу нас. Апликацијата е наменета пред сѐ за македонските корисници кои можат едноставно и брзо да се запознаат со настаните, следејќи ги сториите и текстовите на разните македонски портали. Апликацијата ги собира линковите на најразлични теми, на пример економија, занимливости, анализи или Македонија и ги персонализира за корисникот. Klik овозможува брзо преземање и организација на темите од голем број на портали.

Откако корисникот ќе ги одбере содржините и темите кои го интересираат, Klik ги собира содржините од порталите и ги презентира на неговиот уред. Освен ова корисникот може и да одбере некои од омилените портали, па апликацијата ќе му ги презентира сите статии излезени на порталот. Апликацијата презентира линкови од темите, па доколку некоја го заинтересира корисникот може со кликање на линкот да отиде на порталот и да ја прочита целата статија. Klik има и интеграција со Game Center, па корисниците можат едноставно да ја проверат табелата и да освојуваат трофеи.

Покрај Klik, Кирил е автор и на модификацијата на Flappy Bird, Flappy Macedonia, во која корисниците треба да ја балансираат „Македонија“ помеѓу двете доминантни полички партии, а има работено и на повеќе видеоигри за iOS. Подолу е видео од презентацијата на Кирил на Mobile Monday Macedonia.

[youtube]W8-FNjoG3As[/youtube]

2 коментари на “Апликација на денот: Читајте македонски вести со Klik за iOS

  1. Благодарам на забелешката (можеби си за нијанса престрог :)). Секако дека има место за подобрување особено во поглед на дизајнот, (а и други работи) а тоа е речиси слуцај со 70% од апликациите кои се на маркет. Се разбира има и силна причина зошто тоа е така. Но другпад би подискутирале за тоа… Во тек е изработката на посериозен дизаин кој откако ке биде завршен ке биде имплементиран во оваа апликација и сите Клик корисници ке може да имаат подобро корисничко искуство.

  2. Daj be malku toj dizajnot opravete go .. sto e rabota, tolku li nemoze da najdete saglam dizajner sto ke Vi sklepa dizajn za aplikaciive.. Ne samo ovaa, tuku generalno site mk aplikacii se so nula dizajn.. A UI dizajnot i UX se najbitni za celata aplikacija!!!
    na sto lici toj bg pattern.. katastrofa, ne ja ni instaliram da ja probam

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии