Апликација на денот: Aлатките за цртање во прекрасната Paper сега се бесплатни

Една од подобрите апликации за цртање на iPad, Paper, реши да го смени својто бизнис модел и да ги направи алатките за цртање целосно бесплатни. Апликацијата ни претходно не беше прескапа, пример за алатка за цртање се плаќање по еден долар, но по отстранувањето на платежната бариера студиото FiftyThree, кое ја разви апликацијата со претходно искуство од работа во Microsoft, се надева дека сега со бесплатниот модел ќе го зголеми бројот на корисници, а со тоа и можност за поголема заработка од останатите прозводи.

Кога зборуваме за другите производи, пред се мислиме на првите хардверски уреди кои ги нудат од FiftyThree. Пред се bluetooth пенкалото кое овозможува поедноставно цртање со апликацијата. Според компанијата, „моливчето“ е најдобро продавано дигитално пенкало на Amazon. Компанијата најави дека започнува со испорачување на златно пенкало за 60 долари, покрај обилната верзија која чини 50 долари. За купувачите на „пенкалата“ Paper и досега беше бесплатна, јави Verge.

Но, ако сите алатки кои претходно се наплаќаа како Sketch, Write, Color и Mixer Tools сега се бесплатни, компанијата најави дека е можно за следните алатки повторно да наплаќаат, што е модел кој според нив досега одлично функционира.

[youtube]yVMTmNfweow[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии