Aпликација на денот: Ме Gusto за сите македонски готвачи

Me Gusto е нов готвач за Android, изработен од AppStudio.mk. Се работи за едноставна, но пријатно дизајнирана апликација во која, според студиото, има неколку илјадници рецепти кои се достапни на англиски, македонски и српски јазик.

Во апликацијата ќе најдете интересни рецепти; може да си одберете омилени јадења; да креирате шопинг листа или да најдете ресторани кои се блиску до вас. Но, тоа што не ни се допадна е што апликацијата иако е бесплатна, сепак надокнадува со нерелеватни реклами кои буквално спамираат. Можеби креаторите треба да размислат за две верзии, бесплатна верзија со реклами, и платена верзија без реклами. Друга мана е што ги дава сите рецепти, наместо да ги подели по категории, на пример според различни состојки или според вид на оброк како што прават другите готвачи.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии