Апликација ќе ви ги покаже невидливите WiFi сигнaли околу вас

Architecture of Radio е нова апликација за iPad која на корисниците им овозможува да ги видат бежичните сигнали на рутери и сателити. Апликацијата е дело на Ричард Вијген и е дел од неговата изложба во ZKM во Калсруре. „Во целост сме опкружени од невидлив систем на податочни кабли и радио сигнали од пристапни точки, предаватели, сателите. Нашите дигитални животи зависат од овие системи за комуникација, опсервација и навигација“, вели г. Вијген.

Апликацијата со помош на GPS податоците ги наоѓа базните станици кои се во близина и сателитите кои можеби се над локацијата во моментот. Ова и самото по себе е импресивно, но вметнување на податочните каблите и рутерите во просторот во инсталација во Германија, во која апликацијата функционира беспрекорно, прави оваа апликација за проширена реалност да ги презентира бежичните мрежи и сообраќајот на навистина кул начин.

architectureofradio from R Vijgen on Vimeo.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии