Апликациите за Android може да ги стартувате и на десктоп

Најавен пред неколку месеци, App Runtime for Chrome (beta) сега е достапен за сите Android девелопери кои сакат да ги префрлат своите апликации и на десктоп компјутерите, под услов да се користат во Google Chrome. Android апликациите ќе бидат достапни на секој десктоп, без разлика дали станува збор за Linux, Mac OS X или Windows оперативен систем.

За сега проектот е во рана бета фаза, па нема премногу апликации кои се достапни, односно портирани на ARC, јави Ars Technica. Достапни се Duolingo, Evernote, Sight Words, and Vine.

ARC овозможува sandbox технологија преку Narice Client за Chrome, благодарение на ова апликациите можат да ги користат процесорот и графичкиот процесор. Сепак не помалку важен е ARC Welder, апликација која овозможува конверзија на Android апликациите во Chrome апликации. Станува збор за алатка за девелопери која треба да овозможи препакување на апликациите за да може да бидат објавени во Chrome сторе. Иако сите можат да препакуваат некоја апликација и да ја стартуваат, сепак ова е најдобро да им се остави на развивачите со оглед на тоа дека дел од функционалностите на паметниот телефон треба да бидат заменети пред префрлање на апликацијата на Chrome.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии