Aпликациите за Android заработуваат три пати помалку од апликациите за iOS

Програмерите на мобилни апликации велат дека повеќе заработуваат од апликации за iOS отколку за Android, и тоа скоро четири пати повеќе, открива компанијата за аналитика на мобилниот пазар, Flurry.

Има над 200 милиони Android уреди, и 550.000 нови се активираат днево, наспроти 250-те милиони iOS уреди, со нови 450.000 активирани дневно. Несомнено е дека Android ќе го освои светскиот пазар, во САД веќе има над 45 отсто удел, но, зошто програмерите сè уште го преферираат iOS, прашува Flurry.

Најголемиот проблем за програмерите не е во фрагментацијата на оперативниот систем или влијанието на Android Market, туку во методите за плаќање кои се достапни за корисниците.

„Најголемиот единечен фактор што влијае врз поддршката од програмерите за платформата е корисничките опции за плаќање.“, вели Flurry. „Ова се сведува на пенетрацијата на Google Checkout. Откако ќе се сетира iOS уред, корисникот ја врзува или кредитната картичка или поклонетата картичка за iTunes профилот. Во теорија, ова значи дека 100% од сите iOS уреди имаат овозможено плаќање. Со интеграција на Google Wallet и Google Checkout, како и со нивната 0.10 центи продажба на Android апликации, се чини дека Google презема мерки за да го поправи ова.“

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии