Апликациите, е-книгите и музиката ќе поскапат во Европа

Цената на поголемиот данок за интернет компаниите кој го донесе Европската Унија, ќе ја платат корисниците. Апликациите, е-книгите и музичките албуми набрзо би можеле да бидат поскапи за 6,5 отсто во Европа, извести Verge.

Зголемувањето на данокот треба да ја намали можноста за големите компании да наплаќат понизок данок на додадена вредност, но речиси е неверојатно дека жителите на Европа ќе бидат задоволни со нови повисоки цени на дигиталните добра.

Проблемот е што досега Европската Унија им дозволуваше на компаниите да плаќаат данок на додадена вредност според „тарифите“ на државата во која се лоцирани. Па така сите големи компании Amazon, Microsoft, Google или Apple отвораат свои претставништва во државите со најмал данок. Промената во законот е што сега данокот кој се плаќа е во зависност од државата каде е продадена робата.

За сега од новото законско решение кое стапува на сила на 1 јануари ќе бидат засегнати продавачите, но без сомневање во догледно време промената на данокот најмногу ќе ги погоди потрошувачите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии