Апликации на денот: Do Button e вашето персонализирано копче

If This Then That го објави својот нов сервис Do кој овозможува поедноставно користење на IFTTT за сите кои можеби не сакаа да потрошат премногу време во креирање на своите акции. Oбјавени се нови три апликации – Do Button, Do Camera и Do Note кои преку drag and drop овозможуваат едноставно креирање на aктивности. Доколку сте користеле IFTTT ќе знаете дека апликацијата е едноставна, но бара да се потрудите за да го автоматизирате телефонот. Со Dо копчињата тој процес станува уште поедноставен бидејќи секоја од трите нови апликации си има уникатна намена.

Do Button овозможува креирање на повеќе со притискање на едно копче, пример со едно притискање истовремено може да ја намести темературата на паметниот термостат дом, да ги запалат светилките или да ги отклучи вратите, секако доколку го имате соодветниот паметен хардвер кој е поврзан на интернет.

Do Camera овозможува автоматизирање на повеќе команди кога фотографирате. Овозможено е испраќање и прикачување на фотографиите веднаш штом ќе ги направите на имејл или да се споделат на друштвените мрежи.

Do Note пак овозможува креирање на настани, потсетници и забелешки со единствен притискање на копче. Дополнително истото може да се искористи и за испраќање на статуси на друштвените мрежи.

„За сега сме фокусурани на концептот. Но доколку луѓето се навикнат да креираат персонализирани кочиња на својот телефонм се надеваме на Do-копчиња за сите паметни уреди – автомобили, ноќни светилки и секој друг IoT-уред“, вели директорот на IFTTT Линден Тибетс за The Next Web.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии