„За време на самитот [Wave Protocol Summit], стана јасно дека има добра заедница на стартапи, независни развивачи и индустриски партнери кои се ентузиjастички расположени да го продолжат развојот на Wave Federation протоколот и Wave in a Box продуктот. Објавивме видеа за техничките разговори и демо кои се презентираа на самитот така да тие што не можеа да присуствуваат во Сан Франциско да можат да ги погледнат.“, вели Google во блог пост.

„Последниот ден се разгледуваа техничкиот дизајн и кодирање. Прогресот од тогаш вклучува значителни подобрувања во wave панелот, визуелно подобрување на логин страните, закачени гаџети кои работат, подобрени развивачки сетови и документација и нацрт HTTP транспорт на wave федерацијата.“

</надополнување >

Kога Google го изгаснa Wave проектот кој требаше да биде нов начин за комуникација, го ослободи кодот во Wave in a Box. Сега на сцена се појави предлог за Wave проектот да биде прифатен од Apache Software фондацијата која ќе го доврши проектот.

„Wave in a Box (WIAB) е името на главниот продукт во моментов, што е сервер кој хостира и проследува бранови, поддржува екстензивни API-ја и нуди клиент за богат веб.“, се вели во предлогот за Apache Wave кој за почеток има 3 цели: да се мигрира кодот од Google кон ASF инфраструктурата, да се доведе Wave во состојба за да може да се продолжи со развојот и да се најмат нови луѓе кои ќе го завршат проектот.

Доколку Apache Software фондацијата го прифати предлогот, можеби конечниот продукт би значел секој да може да си постави свој Wave сервер за колаборација.

Wave ја собира на едно место комуникацијата од имејл, месенџерите и споделување документи правејќи поврзана нишка од целосна комуникација меѓу корисниците (налик на новиот систем на Facebook за комуникација) со можност за споделување документи, слики и видеа . Сите тие нишки ќе можат да се закачат на сајтовите или блоговите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии