AOL го купи Bebo и ја создава People Networks

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Американската компанија AOL денеска и официјално ја заврши аквизацијата на Bebo, веб мрежата за социјално вмрежување. Со овој потег, AOL го започна процесот за создавање на својата нова бизнис мрежа наречена People Networks која ќе претставува комбинација од Bebo, AIM, ICQ како и останатите веб платформи за социјални вмрежувања кои се во сопственост на AOL.

Bebo за време на преговорите помеѓу компаниите беше претставуван од својот извршен директор Џоана Шиелдс, која исто така ќе биде новиот председател на People Networks, и директно ќе одговара на претседателот на AOL, Рон Грант.

Со купувањето на Bebo и создавањето на оваа мрежа која ќе таргетира над 80 милиони корисници ширум целиот свет, AOL ќе се фокусира на развојот на својот бизнис во три клучни области – интернет маркетинг, објавување на содржини и создавање на социјални мрежи.

Проектот People Networks ќе започне со имплементација на AIM инстант месенџерот во Bebo, кој е најпопуларниот ИМ клиент во САД со над 30 милиони корисници, додека ICQ (исто така во сопственост на AOL) има околу 28 милиони корисници на глобално ниво.

Купувањето на Bebo е само дел од неодамнешните серија аквизиции на AOL. Компанијата исто така ја купи компанија Goowy Media и сервисот за поставување на прашања и одговори Yedda пред само месец дена.

Овој потег на AOL е доста критикуван од страна на познавачите на социјалните мрежи и нивниот развој и заедничко за сите нив е што го осудуваат овој потег како  проект кој требало да се случи пред 5 години, пред развојот на Facebook и останатите популарни сервиси за да го има замислениот ефект.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии