AOC со три нови монитори од G2 серијата

AOC, бренд кој кај нас е присутен во продавниците на Сетек и Зоте Брос, неодамна претстави три нови монитори кои се дел од G2 серијата. Сите три модели се со 1500R закривеност, и со сооднос на страните од 21 према 9. Со оглед на тоа дека брендот е присутен на нашиот пазар, не е исклучена можноста некој од овие монитори да го видиме и кај нас.

CQ29G2E

Првиот од трите монитори е CQ29G2E. Истиот воедно е и најефтиниот, и доаѓа со неколку компромиси. Како што може да се види од името, се работи за монитор со дијагонала од 29 инчи, а резолуцијата е 2560 x 1080. VA панелот нуди одличен контраст и солидни бои, како и 178 степени агол на гледање. Покрај ова, има и 120% покриеност на sRGB спектарот, како и 90% покриеност на DCI-P3 просторот, вредности кои се заеднички кај сите новопретставени модели од AOC. Бидејќи ова е најефтиниот панел од трите, доаѓа со refresh rate од само 75 херци. CQ29G2E доаѓа и со AMD FreeSync, што значи дека искуството при играње не би требало да е воопшто проблематично.

AOC CQ29G2E / Извор: kitguru.net

CQ29G2Z

Од AOC имаме уште една варијанта со дијагонала од 29 инчи, но овојпат се работи за малку повисока класа, а моделот е CQ29G2Z. Иако ја задржува истата резолуција од својот поефтин брат, овој панел доаѓа со refresh rate од 200 херци, што резултира со значително помазно искуство. Покрај ова, наместо FreeSync имаме FreeSync Premium. Не смее да се запостави и ергономијата – додека најефтиниот монитор има само можност за благо накривување, CQ29G2Z има подесување по висина, како и блага ротација.

AOC CQ29G2Z / Извор: kitguru.net

CQ34G2Z

За крај го имаме масивниот CQ34G2Z, монитор со дијагонала од 34 инчи кој можеби е и преголем со оглед на резолуцијата која ја нуди, а е иста како и другите два модели – 2560 x 1080. Ова е и единствената разлика со помалиот CQ29G2Z, бидејќи сите други карактеристики се исти. Добивате HDMI 2.0, DisplayPort, 3.5mm аудио излез, и USB портови.

AOC CQ34G2Z

Покрај разликите кои ги наведовме, трите монитори имаат и неколку заеднички карактеристики, помеѓу кои се вбројуваат HDR мод, FPS бројач, можност за монтирање на VESA 100x100mm држач, Picture-by-Picture и Picture-in-Picture.

Иако кога овие монитори ќе се достапни сеуште не е познато, како што кажавме, не е исклучена можноста некој од нив да дојде и кај нас.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии