Антивирусната алатка Winja доби шеста верзија

VirusTotal е онлајн скенер кој се користи за скенирање фајлови и преземени податоци за да се провери да не содржат некој малвер. Winja е алатка која служи како посредник и значително ги олеснува, а со тоа и забрзува вашите интеракции со VirusTotal.

Windows Ninja или Winja се одликува со интерфејс кој ви дозволува да направите брз процес на скенирање, да одберете кој фајл да се скенира, како и да покренете преземање на одредена датотека и да ја скенирате. По завршување на овој процес, Winja ќе ја преименува преземената датотека со безбедна екстензија.

Најновата шеста верзија на Windows Ninja располага со експериментална опција за детектирање недозволена употреба на камерата. Во такви ситуации, алатката инстантно ќе ве извести, а може и да го пријави детектираниот процес до серверите на VirusTotal. На овој начин, се врзуваат рацете на потенцијални софтверски алатки за шпионирање. Покрај ова, се забележува и надополнување на листата со елементи на кои треба да им посветите внимание. Најголемата промена е секако во самиот изглед на алатката која сега делува значително почиста и попријатна за работа.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии