Ant Group бара начин за повлекување на Џек Ма

Дејан Соколоски

во Вести

Финансискиот гигант Ant Group кој е полесно препознатлив како финансиска гранка на Alibaba Group се обидува да пронајде начин да се разиде со основачот Џек Ма. Компанијата ги разгледува можностите со кои г. Ма ќе го повлече својот капитал од Ant. Двете страни се обидуваат да пронајдат решени за г.Ма да се откаже од контролата врз финансискиот гигант, јави Reuters.

Г. Ма веќе понудил да отстапи дел од Ant на кинеската влада. Кинсеката централна банка, и финансискиот регулатор China Banking and Insurance Regulatory Commission од јануари до март разгледувале повеќе сценарија за излез на г. Ма.

Една од можностите е основачот да ја напушти компанијата во целост. Во идеални услови г. Ма делот кој е проценет на неколку милијарди долари ќе го продаде на некој од постоечките инвеститори. Доколку г. Ма сака да го продаде својот дел, изборот не смее да биде на некој близок или блиска компанија. Дополнително ако одбере да ја напушти компанијата ќе мора тоа да го направи во целост. Една од можностите е да го префрли својот дел на инвеститор близок со кинеската држава.

Проблемите за технолошкиот сектор во Кина започнаа кон крајот на 2020 година. Кинеските власти тогаш побараа од Ant Group да го запре влијанието кое технологијата го има врз финансиските сервиси за да ја ограничи опасноста од финансиски ризици. Истрагата покажала дека компанијата не ги исполнува законските обврски и се однесува како монопол. Поради ова излегоа со сет на мерки кои Ant мора да ги исполни. Како последица на истрагата Alibaba беше казнет за злоупотреба на својата положба на пазарот со 2.75 милијарди долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии