Anonymous нападна сириски владин веб сајт како поддршка за востанието

Членови на хактивистичката група Anonymous утринава го хакнаа веб сајтот на сириското Министерство за одбрана. Овој напад има за цел да покаже поддршка за востанието против моменталната сириска власт која се обидува да го задуши со употреба на сила.

Веб сајтот на министерството за одбрана беше заменето со модифицирана верзија од сириското знаме, каде ѕвездата во средината на знамето беше заменета со заштитниот знак на Anonymous. Во долниот дел од веб сајтот стоеше кратка порака упатена кон сирискиот народ која вели: „До сирискиот народ: Светот е со вас против бруталниот режим на Башмар Ал-Асад. Знајте дека времето и историјата се на ваша страна – тираните се служат со насилство бидејќи немаат ништо друго, и колку се понасилни, толку поранливи стануваат. Ја поздравуваме вашата одлучност ненасилно да се спротиставите на бруталната власт и се восхитуваме на вашата желба да барате правда, а не одмазда. Сите тирани ќе паднат, и благодарејќи на вашата храброст Башар Ал-Асад е следен.“

Anonumous исто така се обрати и до војската која ги следи наредбите и го напаѓа сопствениот народ: „До сириската војка: Вие сте одговорни да го заштите сирискиот народ, и секој што ќе ви нареди да убиете жени, деца, и старци заслужува да биде осуден за предавство. Ниту еден надворешен непријател не може да направи толкава штета на Сирија, колку што направи Башар Ал-Асад. Бранете ја својата земја – побунете се против режимот!“

Покрај оваа порака, на горниот дел од веб сајтот можеа да се линкови до видеа и слики, илустрирајќи ја неправдата која се врши врз сирискиот народ. Исто така на бев сајтот можеа да се најдат и врски до вебсајти, Facebook страници и Twitter профили до разни протестни групи.

Anonumous, покрај апсењата на некои од членовите, моментално се актуелни и со нападот на повеќе од 70 полициски веб сајтови во Америка. Во овие напади, според Guardian, Anonymous имаат украдено информации кои тежат 10 GB. Дел од овие информации се веќе закачени за интернет.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии