Anonymous ја продолжува борбата против педофилите

Хакерската група Anonymous ја засили својата кампања против интернет педофилијата, така што ги примамува оние што сакаат да посетуваат нелегални сајтови со детска порнографија да пристапат на сервис кој ќе ги идентификува нивните IP адреси, и со тоа ќе можат да се идентификуваат и лоцираат.

Според Anonymous, на сајтовите како што се Hard Candy и Lolita City, сајтови кои нудат нелегална содржина, направено е Firefox копче во кое се сместени линкови, заедно со лажна порака од Tor. Оние кои што ќе кликнат на ова копче, ќе бидат однесени на посебен сервер кој што ќе ја вчита нивната IP адреса. Оваа операција трае веќе 24 часа, и до сега има фатено 190 корисници. Anonymous ги има јавно пуштено IP логовите, како и карта со локации на сите оние кои што кликнале.

Anonymous неодамна срушија 40 сајтови кои се поврзани со детската порнографија и објавија 1.500 имиња на луѓе кои го користеле сајтот Lolita City кој, според Anonymous, содржел педофилска содржина од 100 гигабајти.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии