Anonymous ја хакна безбедносната фирма Stratfor чиj клиент е и Владата на Р. Македонија

Контроверзните хакери-активисти Anonymous украде стотина илјади имејлови, лозинки, кредитни картички и други податоци од американската безбедноста компанија Stratfor. Според хакерите, украдени се 200 GB податоци. Сајтот на компанијата е изгасен, и се суспендирани сите активности на серверите и имејловите на Stratfor.

Член на Anonymous тврди дека ги искористиле украдените кредитни картички за да донираат милион долари во разни донации за добротворни цели. Целта, велат хакерите, е да се прослави Божиќ. Сепак, тешко е веројатно дека тие пари ќе стигнат до добротворните организации бидејќи ќе се блокира наплатата.

Anonymous ја објави и листата на приватни клиенти на Stratfor. Бидејќи Stratfor се занимава со осетливи разузнавачки извештаи и политички, економски и војни анализи од разни земји, таа листа е доверлива. Или подобро кажано, беше доверлива. Како што може да се види од листата, на 1468-мото место, се наоѓа и македонската Влада. Во украдените податоци можат да се најдат и имиња, телефонски броеви, кредитни картички и лозинки на неколку македонски политичари.

Од Stratfor велат дека оваа листа всушност ги содржи клиентите кои купиле извештаи од компанијата, но не и листата на клиенти кои имаат посериозна соработка. Kомпанијата најави дека го пријавила случајот на властите.

„Мислам дека хакерите живеат во таков свет во кој штом еднаш се фиксираат на вас или се обидат да ве нападнат, неверојатно тешко е да се одбраните против нив.“, вели главниот за корпоративна безбедност во Stratfor, Фред Буртон за Associated Press.

3 коментари на “Anonymous ја хакна безбедносната фирма Stratfor чиj клиент е и Владата на Р. Македонија

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии