Anonymous и LulzSec ветија напади врз PayPal како одмазда против апсењa на нивни членови

Интернет активистите Anonymous и хакерската група LulzSec заедно најавија дека ќе стартуваат кампања во три фази против PayPal, и eBay, со цел да се одмаздат за апсењата на десетина свои членови. Апсењата беа поттикнати од PayPal кои доставија листа од 1.000 IP адреси до FBI за луѓе кои го напаѓаа сајтот минатата година како знак за протест што PayPal ги блокира донациите за Wikileaks.

Во првата фаза против PayPal нападите, Anonymous и Lulzsec објавија легален протест во кој повикуваат луѓето да се откажат од своите PayPal профили, додека за другите две фази најавија пробивања на сајтот

„Во последниве недели сме изреволтирани од желбата на FBI да апси и да им се заканува на тие кои беа вклучени во етичка, модерна сајбер операција. Властите продолжуваат да ги форсираат овие смешни правила врз нас – Anonymous ‘осомничени’ можат да бидат казнети до 500.000 долари со дополнителни 15 години затвор, само заради вклучување во историски активистички момент.“, пишува во соопштението на Anonumous и Lulzsec.

Групата вели дека користењето на Low Orbit Ion Cannon, алатката за DDoS напади, не е исто како користење на големи ботнет мрежи со инфицирани компјутери, иако казните се исти. Дополнително, вели Anonymous во соопштението PayPal се уште задржува пари на Wikileaks кој „е светлоста во овие темни времиња“.

PayPal accounts? We threw them on the GROOOOUUUUUND! http://t.co/acOBZ83 #OpPayPalless than a minute ago via web Favorite Retweet Reply

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии