Anonymous го срушија сајтот на хрватскиот претседател заради ACTA

Очекувај не Иво Јосиповиќ. Ова е кратката порaка од хакери-активисти Anonymous кои му ја испратија на хрватскиот претседател пред синоќ во 22:40 часот да му го срушат сајтот predsjednik.hr.

Г. Jосиповиќ им одговори на хакерите преку својот Facebook профил со „потребно е да се заштити интелектуалното власништво за да може научниците, уметниците и други креативци да си обезбедат егзистенција и простор за работа“.

Anonymous потврди за Dnevnik.hr дека хрватскиот претседател е таргетиран бидејќи јавно го поддржа контроверзен трговски договор ACTA меѓу неколку земји и ЕУ.

Г. Јосиповиќ го привлече гневот на Anonymous откако рече дека „е апсолутно недозволиво да се краде од интернет“.

„Мислам дека е многу поважно да се размисли за тоа како да се дојде до привлечна цена за авторските дела. За тоа постојат механизми за договр меѓу корисникот и сопственикот на правото што ќе овозможи тоа да биде доступно и пристапно за луѓето, а тие кои што инвестирале и работат ќе можат да живеат од тоа.“

ACTA се наоѓа пред гласање во Европскиот Парламент, и доколку биде одобрен ќе може да значи и контрола на интернет комуникацијата со цел да се спречи пиратеријата. Mногумина се уплашени од ACTA, пред се бидејќи договорот беше подготвуван зад затворени врати, и стравуваат дека ова ќе значи и воведување на интернет цензура.

Во Европа се потготвуваат масовни протести на 11 февруари против ACTA. Веќе имаше протести во Полска, а неодамна и словенечката амбасадорка во Јапонија се извини јавно бидејќи го потпишала договорот без да размисли убаво. Германија исто така се повлече од ACTA.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии