Аnonymous го нападна Nissan поради ловот на делфини

Аnonymous ги сруши сајтовите на производителот на автомобили Nissan во знак на протест против ловот на делфини на јапонски компании. За волја на вистината, Nissan нема никаква поврзаност со китоловците, но станува збор за голема јапонска компанија која е искористена како прокси за да го привлече вниманието и да ја подигне свеста.

Сајтовите на Nissan беа изгасени откако се соочија со голем DDoS напад на хактивистите, по што Anonymous го сподели „успехот“ со препознатливата порака „Tango down“. Nissan вели дека напаѓачите не стигнале до базите на податоци, на што Anonymous одговорија дека целта не им е да крадат податоци, туку да привлечат внимание. Се чини дека нападот е во вистинско време, со оглед на тоа дека е речиси истовремено со објавувањето на новото возило на најголемиот саем за автомобили Detroit Auto Show.

Јапонија е во центарот на критиките поради тоа што единствена продолжува со ловот на китови и делфини откако остатокот на светот прогласи мораториум. Нападот е дел од #OpKillingBay во кој освен Nissan, последниве месеци цел на напади се веб страници на околу 100 компании, но и страницата на премиерот Шинзо Абе. Јапонија не е единствена мета на активистите, страниците на институциите во Исланд беа недостапни 13 часа во ноември како дел од кампањата #OpWhales.

Доколку ве интересира зошто се нападите и подигањето на свеста, обидете се да го пронајдете и изгледате документарецот The Cove.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии