Anonymous го нападна Мосад и израелската војска

Anonymous продолжува да спроведува правда низ целиот свет. Oвој пат мета на хакерската група беа изралеската служба за разoзнавање Мосад, изралеските одбранбени сили, како и израелската агенција за разознавање позната како Шабак или Шин Бет. Пред неколку дена Anonymous испрати закана до Израел, најавувајќи дека ќе нападне доколку продолжи со блокирањето на хуманитарната помош наменета за појасот Газа.

Во видеото обратено до израелската влада, стои дека тоа што го прави Израел е нелегално, недемократски, прекршува човекови права, интернацинални и поморски закони. Во видеото уште стои дека оправдувањето војна, убиства, нелегално престретнување, и пиратски активности нема да поминат незабележанo од страна на Anonymous. Хакерската група нема да толерира постојано малтретирање на невооружени цивили. Видеото завршува со закана дека Anonymous ќе го напаѓа Израел сè додека не престане со тоа што го прави.

Веб сајтовите на неколку израелски министерства, на Мосад, на израелската војска, како и на агенцијата Шин Бат, во неделата беа неколку часа недостапни. Израелската власт и експерти за безбедност веднаш ја отфрлија можноста дека станува збор за напад од страна на хакерската група Anonymous. Како причина за падот се наведува дефект во делот за складирање на податоци во владиниот компјутерски систем.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии