Anonymous ги нападна педофилите

Интернет активистите Аnonymous срушија 40 сајтови кои се поврзани со детската порнографија и објавија 1.500 имиња на луѓе кои го користеле сајтот Lolita City кој, според Anonymous, содржел педофилска содржина од 100 гигабајти.

Во препознатливиот стил на Anonymous овие срушувања на сајтови се дел од „Оperation Darknet” што е акција за напаѓање на педофилите кои ја користат анонимната мрежа Tor. Tor е мрежа која го крие идентитетот на интернет корисниците префрлувајќи ги барањата за посета на сајт преку разни сервери и сајтови, губејќи ја оригиналната трага на корисникот. Според официјалните информации, Tor се користи од 400.000 корисници секој ден кои сакаат да останат анонимни на Интернет. Иронично, во таа бројка се вклучени и борците за човекови права во земји под диктатура и педофилите.

Anonymous на еден од сајтовите хостирани од darknet мрежа на Tor, ова е мрежа која е видлива а само од корисниците на Tor, забележале неколку слики со детска порнографија. Хактивистите ги тргнале линковите од сајтот The Hidden Wiki, но тие подоцна биле повторно закачени, по што Anonymous стартувал DDoS напад , го срушиле сајтот и откриле дека Freedom Hosting ги хостира линковите и дека ја има „една од најголемите колекции на детска порнографија на Интернет“. Фирмата одбила да ги тргне линковите, по што Anonymous ги пробиле и изгасиле серверите кои ја хостирала детската порнографија.

„Да објасниме колку е популарна оваа педофилска заедница. Секцијата „Hard Candy” на The Hidden Wiki до 20 октоври имаше 2.055.701 прегледи. За споредба главната индекс страна (со не-педофилска содржина) на The Hidden Wiki е прегледана вкупно 2.677.430 пати.“, вели Anonymous во својата изјава.

„Нашето барање е едноставно. Тргнете ја целата содржина со детска порнографија од вашите сервери. Одбијте да обезбедите хостинг услуги на било кој сајт кој се занимава со детска порнографија. Оваа не се однесува само на Freedom Hosting, туку на сите на интернет.“

3 коментари на “Anonymous ги нападна педофилите

  1. И на thepiratebay еднаш наледав на детска порнографија кога името на еден филм се поклопи со името на pedostar да ја наречам :S Пријавив, а и многу други во коментарите пријавиле ама мислам дека уште седи.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии