Anonymous до Sony: Ние не крадеме кредитни картички

„Јавната поддршка не се добива со крадење кредитни картички и лични податоци, ние се обидуваме да се бориме со криминални активности на корпорациите и владите, не да крадеме кредитни картички.“, вели хакерската група позната по својот интернет активизам.

Претседателот на Sony, Казуп Хираи во своето излагање пред американскиот Конгрес наведе дека целта на нападот биле кредитните картички, велејќи дека DDoS нападите претходно од страна на Anonymous ги оставиле системите на Sony беспомошни да се одбранат од посериозен напад. DDoS нападите врз Sony Аnonymous ги изврши околу 17-ти април кога се и случи првото пробивање на PS Network, нападите беа одмазда за хакерот Џорџ Хотс даден на суд од Sony за jailbrake на Playstation 3.

Sony исто така додаде дека за време на истрагата е откриен фајл со име „Аnonymous” кој го содржел слоганот на групата „We are Legion”, додавајќи дека Anonymous или се соучесници во нападот, или се искористени за да направат диверзија за кражбата.

Проблемот со Anonymous e што се неповрзана, „децентрилизирана“ анонимна хакерска група која се организира преку форуми и IRC канали. Разноврсност може да значи и дека еден од нив е вмешан во кражбата на кредитните картички, но не и дека е вмешана организацијата која во соопштението вели „Ако FBI спроведе легитимна истрага, ќе се покаже дека Anonymous не се виновни“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии