Анонимно преземање торенти со Tribler

Споменете торенти на некого и првата реакција скоро секогаш е поврзана со пиратерија и нелегалното преземање филмови, игри и музика. Но, софтверот кој ви дозволува да преземате торенти не мора да запливува во водите на нелегалното и е одлична алатка за ефикасно преземање апсолутно легални работи, како Linux оперативни системи, аудио книги со истечени права, но не и некој од следниве десет најпреземани филмови.

Секојпат кога преземате торенти, изложени сте на ризик да ја споделувате таквата информација со трети лица. Откако заклучивме дека нема ништо подобро од чесност и преземање само легални торенти, сосема е во ред да се запрашате зошто некој друг мора да знае дека преземате некој торент, дури и да се работи само за најновата верзија на Linux оперативен систем. Во таква ситуација, потребна ви е соодветна алатка за преземање торенти и, во поглед на криење на вашите траги, ретко е некоја подобра од Tribler.

Tribler е софтверска алатка која не само што ви дозволува да преземате најразлични торенти, туку и ги крие од сите љубопитни очи. Таквото нешто е возможно благодарение на мрежа од приватни, шифрирани сервери кои функционираат како добро познатиот Tor. Алатката е достапна за Windows 7 / 8 / 10, macOS, и Ubuntu Linux!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии