Анонимниот Tor дневно се користи од 150 до 300 илјади корисници

Меѓу клиенти на Tor се организации за човекови права, приватни граѓани, за чет меѓу жртви од насилство, од новинари, од војската, дипломати… сите кои ја користат мрежата за да си ги скријат трагите на интернет и да споделат информации анонимно, без да се знае кој што пратил и од каде.

Целта да се има комплетна анонимност користејќи разновидни точки за пренос на информации ширум светот. За да се избегне лоцирање на пакетот, Tor прави врска која се врзува преку разновидни случајно избрани точки во Tor мрежата за да се отежне откривањето кој ги праќа и каде стигаат податоците. Ниту една Tor точка (relay) не ја знае конечната дестинација. Така кога ќе се постави врската преку разни случајно одбрани точки кои знаат само дел од приказната, може да се префрлат информации без опција тие да бидат откриени кој ги праќа и од каде ги праќаат. Tоr можеби нема да заштити од „колачињата“ од некои сајтовите кои ги посетувате, но ќе се осигура дека со информациите кои ги праќате се зачувува и анонимноста.

Започнат од 2001 од инжинери во МIT универзитетот и Лабораторијата за истсражување на американската морнарица, денеска оваа мрежа е непрофитна организација која се води од анонимни волунтери.

1 коментар на “Анонимниот Tor дневно се користи од 150 до 300 илјади корисници

  1. го користев пред некоја година, накратко …. некој месец, добра работа, сега баш ми притреба и ко за инает објавивте артикал баш за него :) супер.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии