Анонимен хакер објави детали за расистичката KKK, спомнати се четири сенатори

Преку Twitter профилот Amped Attacks, анонимен хакер започна да објавува имиња на членови на американскиот расистички култ, Кју Клакс Клан. Помеѓу првите посрамени имиња се најдоа и имиња на четворица американски сенатори, Томас Тилис, Џон Корнин, Џон Харди Исаксон и Ден Коатс, јави Salon. Нема докази за вмешаноста на сенаторите со кланот.

Иако хакерот и хактивистите Anonymous негираа дека соработуваат на некој начин, сепак има најава дека ќе бидат откриени уште имиња на расисти, овојпат тие објави ќе ги направи групата.

„Немам никаква врска со Anonymous или било која група на хактивисти. Јас сум сам свој човек, работам сам според моите сфаќања и хакирањето на WBC е нешто што сметав дека треба да го направам бидејќи се уморив од нивната омраза“, вели анонимниот хакер.

Украдените податоци наводно доаѓаат од сајтовите на ККК и од датабазите на истите, како и од електронската пошта која ја добивале дел од сенаторите. „Ја разгледав електронската пошта, и она што ме заинтересира е зошто политичарите кои ги споменувам имаат профил на било кој вебсајт доколку немаат никаква врска со нив,“ додава Amped Attack. Но, сенаторите побрзаа да се дистанцираат од било каква поврзаност со контроверзниот ККК, додека откриените расисти се обидоа да се оправдаат со закани.

Она што е јасно е дека за членовите на Кју Клукс Клан неволјите само што започнуваат. Овојпат хактивистите Anonymous најавија дека на 5-ти ноември ќе започнат да ги објавуваат имињата на членовите. Аnonymous има историја на континуирана битка против расистичката група. „Денес им ги бутнавме серверите, собравме лични податоци за членовите и се инфилтриравме на Twitter и сајтовите. Ова е само почеток, на 4-ти започнуваме со објави на Twitter за операцијата, а на 5-ти ќе објавиме имиња на над 1.000 членови на Кју Клукс Клан,“ велат од групата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии