Анкета покажува дека повеќето родители им дозволуваат на нивните деца да играат игри за возрасни

12+, 18+ и слични ознаки се замислени да се ставаат на одредени филмови и игри за да се одбележи за која возраст се соодветни содржините, но, доколку може да се верува на едно истражување, повеќето родители ниту се загрижени за ваквите ознаки, ниту пак се запознаени со тоа какви игри играат нивните деца.

Childcare.co.uk понудиле анкета на над 2000 родители, а општата идеја која произлегла од тоа било дека повеќе од половина им дозволува на децата да играат игри кои се замислени за публика над 18 години и тоа без надгледување од возрасните или пак без какви било познавања за самата игра.

86% од родителите признале дека не посветуваат внимание на ознаките за предвидената старосна група. 23% се изјасниле дека не внимаваат на такви работи и кога се работи за филмови. Само 18% признале дека би дозволиле на дете кое е од 10 до 14 години да гледа филм кој е предвиден за публика над 18 години.

Во анкетата учествувале родители кои имале деца од 5 до 16 години. 53% од децата биле момчиња, а 47% биле девојчиња. Интересно е тоа што на анкетата, 73% од родителите што решиле да учествуваат биле мајки.

Во анкетата биле вклучени прашања кои требале да дадат увид и во однесувањето на децата. Па така, 43% од родителите пријавиле лошо однесување кај децата откако играле игри за возрасни. 22% од родителите се сигурни дека нивните деца научиле и употребувале лоши зборови откако играле игри за возрасни.

„Интересно е тоа што поголемиот дел од родителите ги следат предупредувањата на филмовите, но се значително потолерантни во поглед на игрите. Важно е да се запамети дека ако децата видат одредено однесување или чујат одредено нешто во игра или филм, тогаш би можеле да го одглумат истото.“ објаснува Ричард Конвеј, основачот на childcare.co.uk.

Се претпоставува дека анкетата е првенствено организирана откако светската организација на здравје направи ревизија на нивниот прирачник за класификација на болести и го постави компулсивното играње видео игри како предуслов за нарушување на здравствената состојба, односно попреченост во нормално функционирање. Прочитајте повеќе на оваа тема тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии