ИТ индекс: Anhoch – производителот на првите македонски бренд компјутерски системи

(Овој текст е дел од серијалот на IT.mk кој има за цел да ги промовира локалните компании кои се присутни на сервисот ИТ Индекс)


ПРОФИЛ

1. Датум кога официјално започнавте со работа:

Патот кон успехот на Anhoch започнува со името Anhoch Trade во 1993.

2. Од кого е основана компанијата?

Anhoch е основана од Г-дин Андреј Хочевар.

3. Првиот производ или услуга која ја понудивте и успешно продадовте:

Во 2001 година, Anhoch и ги претстави на јавноста првите Македонски Бренд компјутерски системи, Хардверски и Софтверски оптимизирани за максимално и безгрижно искуство, Altea, Goliath и Pixio за кои имаме добиено четири престижни сертификати од компанијата Microsoft за првите Македонски бренд компјутерски системи.

4. Колку луѓе броеше вашиот првичен тим?

Аnhoch започна со тројца вработени.

5. Колку вработени сте сега?

Во моментот во Anhoch има преку 100 вработени и нивниот број постојано расте согласно проширувањето на компанијата.

6. Кои се услугите и производите во кои специјализирате?

Anhoch е Македонска ИТ компанија која се занимава со производство, продажба и одржување на компјутерски системи и ИТ опрема, имплементација на сложени мрежни решенија, инсталација и одржување на оперативни системи и бази на податоци и соодветна техничка поддршка.

7. Што е тоа што мислите дека ве разликува од вашата конкуренција?

Вредноста се мери со кредибилитетот кој го имаме кај потрошувачите, кои ни се обраќаат со сигурност и верба во услугата која ја добиваат. Услуга која вклучува квалитетен производ, конкурентна цена како и комплетна техничка поддршка. Тоа придонесе кон одличната репутација која нашата компанија ја има кај потрошувачите како и кон статусот најбезбедна компанија за соработка во Македонија. Како што се вели, добрата репутација е подобра од било каков маркетинг.

8. Кои се клиентите со кои соработувате?

Соработка имаме со клиенти од секоја област. Богатиот асортиман на нашите производи наоѓа широка примена и ги задоволува потребите на сите клиенти.

9. Што е тоа што би промениле на сегашната македонска ИКТ сцена ако имате неограничени ресурси?

Anhoch веќе 24 години придонесува за промени на Македонската ИКТ сцена, како една од првите компани и секогаш работиме на нaоѓање на иновативни решенија и продукти кои се наменети за целокупниот пазар.

10. Што ќе работи Anhoch во 2020 година?

Во иднина се стремиме да ја прошириме нашата мрежа на продажни салони со цел секогаш да бидеме поблиску до крајниот потрошувач и ќе продолжиме да ги нудиме најиновативните решенија.

11. Споделете еден “fun fact” за Вашата компанија.

Капацитетот на првиот хард диск продаден во Anhoch изнесуваше 10 MB со технологија MFM, додека денес на понуда нудиме хард дискови со капацитет до 10 TB.
Mожете да погледнете како изгледаа MFM дисковите тука.

Официјален сајт: 
www.anhoch.com/

Anhoch на друштвени канали:

Facebook / TwitterLinkedIn

Посетете го профилот на Anhoch на ИТ Индекс.


Знаеш компанија која треба да ја додадеме на ИТ Индекс? Кликни тука и Предложи компанија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии