Aнглиските фудбалски клубови ќе го користат Football Manager за откривање на таленти

Англиската премиер лига се договори со креаторите на Football Manager, Sports Interactive, клубовите од лигата да ја користат базата на податоци од играта за откривање на нови таленти. Податоците од играта ќе бидат интегрирани во Prozone RECRUITER, платформа која ја користат скаути од клубовите од целиот свет.

Податоците од Football Manager се толку детални што скаутите ќе ги користат за: биографски податоци, податоци за договорите на играчите како и податоци за позицијата на која играат. Станува збор за база на податоци составена од десетици илјади фудбалери кој последниве дваесет години ја креирале над 1.300 скаути, јави Telegraph.

„Базата на Sport Interactive е многу прецизна и е вреден ресурс кој дополнително ќе ги подобри услугите за регрутирање кој веќе ги нудиме“, вели Томас Шмит од Prozone.

Претходно тимот на Евертон во 2008 година ја користеше базата на податоци на Football Manager, а можеби најневообичаена примена на играта е кога во 2012 тимот на Баку го пронајде тренерот за својот резервен тим благодарение на успехот Вугар Хусеинзаде во Football Manager.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии