Англија размислува за патишта кои ќе ги полнат електричните автомобили

Англија разгледува план со кој на возачите на електрични возила значително ќе им го олесни животот. Станува збор за поставување на бежични електрични полначи на патиштата кои ќе овозможуваат полнење на батериите во возење, јави BBC. Властите објавија дека веќе е завршена студијата и во моментов се подготвува тендер и избор на компанија која ќе ги изврши тестовите. Јужна Кореа веќе има изработено прототип – пат во должина од 12 километри кој овозможува полнење на автобусите додека поминуваат над постројките.

Иако технологијата овозможува бежично полнење, во моментов технологијата е прескапа што е главна прична за сомнежите на дел експертите. Дополнително Tesla Motors, еден од пионирите на полето на електрични автомобили, на секои шест месеци излегува со нови батерии со поголем капацитет, па се поставува прашање дали навистина вакви патиштаа воопшто ќе бидат потребни.

Highway England веќе работи на технологија која ќе овозможи креирање на постројки за полнење на возилата, но во овој случај тие мора да запрат над одбележаната локација и да постојат неколку минути додека се полни батеријата, новата предложена технологија ќе го полни возилото во движење.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии