Десетина дена по светската премиера, но сепак еден ден пред американската премиера, хероите на Warcraft доаѓаат во Македонија. Филмот ќе биде емитуван во Cineplexx, а првата претстава е закажана за 9 јуни од 20:00 часот. Со оглед на тоа дека најавите за филм Warcraft се стари речиси колку и World of Warcraft, можноста за конечно гледање на готовиот филм е добредојдена, иако дел од нас можеби и не веруваа дека воопшто и ќе излезе филм пред неколку години. Што се однесува до останатите поволности за посетителите на киносалите во кои игра Warcraft the Beginning, засега е нејасно дали и посетителите на Cineplexx во Македонија ќе добијат дигитален клуч за играта. Засега нема официјална потврда од Blizzard иако во Cineplexx Србија се најавени клучеви за посетителите.