Android Webmaker е бесплатна алатка oд Mozilla за креирање веб содржина

Android Webmaker и официјално е достапна на Google Play. Мобилната апликација на Mozilla, која веќе неколку години е достапна како веб верзија, е едноставна развојна алатка која на сите корисници на Android ќе им овозможи да креираат содржини кои се достапни од било кој уред со прелистувач.

Целта на алатката е да овозможи креирање содржини за сите, па дури и за корисници кои за првпат користат паметен телефон. Секој може а биде активен креатор на содржини, а не само пасивен читател, и сите ќе можат подеднакво да допринесат за Интернет да биде подобро место. За почеток апликацијата е на англиски, индонезиски, бенгали и бразилски, можеби поради тоа што токму тука оперативниот систем на Mozilla е попопуларен на овие локации. Компанијата се надева дека во овие локации поголемиот број на локални содржини ќе значи успех и за Firefox OS. Покрај Google Play, iOS верзија на Android Webmaker наскоро ќе биде достапна и на AppStore.

„Го креиравме Webmaker по долго и исцрпно истражување по целиот свет, и апликацијата доаѓа со информации од стотици волонтери. Webmaker им припаѓа на овие заедници подеднакво колку што му припаѓа и на Mozilla“, јави компанијата на својот блог.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии