Android Wear сега е Wear OS

Google го ребрендираше својот оперативен систем за часовници. Наместо Android Wear оперативниот систем сега се вика Wear OS. Со ова, компанијата објаснува дека оперативниот систем веќе не се синронизира единствено со Android телефони. Генерално ова најмногу се однесува на сопствениците на iPhone.

„Го менуваме името бидејќи сакаме да имаме бренд кој не само што рефлектира на нашата технологија, но зборува и за различниот сет корисници кои ги користат овие часовници“, цели Денис Тропер од Android Wear.

Ребрендирањето на оперативниот систем ќе важи за сите, и за идните генерации на часовници и за веќе постоечките. Во периодот коj доаѓа сите корисници ќе забележат промена. Во следните неколку недели ребрендирањето ќе биде видливо на постоечките модели.

Заедно со промената на името, има и промена на логото. Оптимизмот по промената на името не е пораснат само кај Google, туку и кај партнерите на компанијата:

„Со ова сме сигурни дека ќе го зголемиме прифаќањето на нашите тач-скрин часовници“, вели Грег Мекелви од Fossil за Wereable.

Засега нема премногу детали, но на Google I/О во јуни очекуваме повеќе.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии