Аndroid требаше да биде ОС за камери, но се предомисливме, вели Енди Рубин

Креаторите на Android најпрво сакале да направат свет на „паметни камери“ кои ќе бидат конектирани на десктоп. „Истата платформа, идентичен оперативен систем само наместо за телефони изработен за камери.“, вели Енди Рубин на конференција во Јапонија. Сепак со појавата на паметните телефони се појавил и правиот пазар за Android.

„Бев загрижен заради Microsoft и поради Symbian. Тогаш сè уште не не загрижуваа Apple и iPhone.“

И покрај тоа што во тоа време паметните телефони сè уште се во зародиш г. Рубин и неговиот Android тим веќе ја согледале иднината и наместо како сите други да го продаваат својот оперативен систем, се решиле да го понудат на што е можно поголем пазар. Заради тоа застапеноста на Android на телефоните е 72 отсто, а над 750 милиони Android телефони секојдневно се користат.

„Сакавме Android да биде присутен на што е можно поголем број на телефони. Затоа наместо да наплаќаме по 59, 69 или 99 долари одлучивме да го даваме бесплатно, во тоа време индустријата беше осетлива на цените.“

Од почетоците до сега Android постојано еволуира, но се зголемува и бројот на платформи во кои се применува. Денес не само што е исполнета првичната идеја на основоположниците за Android да се користи како оперативен систем во фотографски апарати, туку се употребува и во уреди на кој никој тогаш не ни помислил како паметни телевизори, фрижидери, таблет компјутери, а листата само што започнува да се пополнува.

1 коментар на “Аndroid требаше да биде ОС за камери, но се предомисливме, вели Енди Рубин

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии