Со Android Studio 2.0 ќе може да правите апликации за сите Android уреди

Google го објави Android Studio 2.0 кое ќе го направи креирањето на апликации побрзо и поедноставно. Но, вистинската новина е што освен за паметни телефони и таблет компјутери, развивачите ќе можат да креираат апликации и за Android Auto, Android Wear и Android TV. Алатката доаѓа со сѐ што е потребно за развој на апликација, од код едитор до емулатор и алатки за анализа.

image00

Најверојатно Insta Run е една од функционалностите на кои развивачите најмногу и се радуваат. Insta Run овозможува промените кои ги прави веднаш да бидат имплементирани во апликациите. Cloud Test Lab овозможува кодот да биде активиран насекаде, со можност за тестирање на повеќе уреди од различни производители. Дополнително развивачите можат да ја следат работата на графичкиот процесор. Промените во емулаторот го забрзуваат трипати во однос на претходната година, но апликациите работат дури 10 пати побрзо отколку што тоа ќе биде на телефоните. Поедноставено е и додавањето на APK кои сега се додаваат со drag & drop.

Финалната верзија на Android Studio 2.0 е веќе достапна за преземање, а корисниците кои ќе ја надградат верзијата на алатката, ако сакаат да започнат да го користат Insta Run на веќе почнатите проекти треба да ја активираат опцијата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии