Android станува се попопуларен, го пројде iOS во Европа

Европјаните повеќе го користат Аndroid отколку Apple iOS, но сепак помалку од Symbian на Nokia. Според ComScore, Android може да се најде кај една четвртина од вкупниот број на паметни телефони во Франција, Германија, Италија, Шпанија и Велика Британија.

Минатата година Android беше на последното место по застапеност во овие пет држави, зад Symbian, Apple, Microsoft и RIM. После само една година Android успеа да дојде на дури второ место, пред Apple, Microsoft и RIM. Symbian сè уште го држи првото место по застапеност. Најзаслужните за овој пораст на Android се паметните телефони на HTC, кои зафаќаат 34,6 % од паметните телефони кои го користат Android како оперативен систем. Samsung се веднаш зад HTC со 31,7% од пазарот.

Во последниот извештај на Ovum, компанија за истражување на технолошки и телекомуникациски трендови, стои дека бројот на мобилни апликации ќе биде дупло поголем од минатата година. Според оваа компанија Аndroid пазарот за апликации продолжува да расте со огромна брзина и наскоро бројот на преземени Android апликации ќе го надмине бројот на преземени iOS апликации.

Во 2010 година се преземени 7,4 милијарди апликации, оваа година се предвидува таа бројка да изнесува 18 милијарди, од кои 8,1 милијарда ќе бидат Android апликација, додека бројката на преземени iOS апликации ќе изнесува 6 милијарди. Причина за овој тренд е сè поголемиот број на Android уреди, како и можноста да се преземаат апликации од повеќе извори. Ovum исто така предвидува дека до 2016 бројот на преземени Android апликации ќе биде двојно поголем од бројот на iOS апликации, 21,8 милијарди наспрема 11,6 милијарди.

Сепак не е сè така црно за Apple, бидејќи iTunes пазарот за апликации ќе остане доминантен кога станува збор за апликации за кои треба да се плати. До 2016 година, Apple ќе оствари профит од 2,85 милијарди долари од апликации, додека за истиот период Android ќе оствари профит од 1,6 милијарди долари.

2 коментари на “Android станува се попопуларен, го пројде iOS во Европа

  1. Нормално дека ќе го пројде кога тешко може некој да си дозволи ios уред, ама па затоа андроид секој втор го има и неможе да му се фати на Ios :D

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии