Android сега држи 81 отсто од глобалниот пазар, вели IDC

Оперативниот систем на Google го освои глобалниот мобилен пазар, со сега над 81 отсто учинок, односно 211,6 милиони испорачани Android телефони во третиот квартал. Конкурентниот iOS имаше мал пад на 12,9 отсто со испорачани 33,8 милиони уреди, а по него следат Windows Phone со 3,6 отсто и BlackBerry со 0,6 отсто. Иако се забележува заситеност во продажбите, вели IDC, сепак пазарот на паметни телефони порасна за 39,9 отсто.

Според аналитичарите, Android успева да владее со пазарот поради стратегијата на Google да соработува со куп различни производители кои постојано објавуваат нови паметни уреди кои работат на платформата. Но, иако Android оди напред, поголем дел од производителите се мачат со продажбите. Samsung е убедливо најмоќен на тој пазар со 39,9 отсто од вкупните испораки на Аndroid телефони, додека другите производители се на едноцифрен процент.

Иако Apple забележува рекорд во испорачани телефони за третиот квартал, сепак iOS има намален удел во пазарот главно поради неделите кога се чекаше на iOS 7 и новите iPhone 5S и iPhone 5C телефони. Windows Phone во меѓувреме е воден напред главно од Nokia која има 93,2 отсто од вкупниот WP пазар.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии