Android One е платформата за „следните пет милијарди корисници“

Google веќе во јуни го најави својот проект Android One со кој во соработка со производителите ќе работат на креирање на подобро искуство на корисниците во земјите во развој, пред се за тие кои не можат да си дозволат поскапи телефони. Првите три уреди доаѓаат со 4.5 инчен дисплеј, со резолуција 854х480 и покрај Индија, наскоро ќе бидат достапни и во Филипини, Бангладеш, Непал, Пакистан и Шри Ланка. Првите телефони се достапни за 105 долари, вели Google на својот блог.

Веќе 1,75 милијарди корисници имаат пристап до паметен телефон, но останатите 5 милијарди од светската популација се без телефон, и најголем дел од нив се во региони каде просечната плата е под 250 долари. Android One е наменет токму за нив, да им обезбеди пристап до Интернет и да биде алатка која ќе биде корисна. Со ова Google сака да го отстрани најголемиот проблем на Android, ужасното корисничко искуство на евтините телефони. Помеѓу партнерите на Google за Android One иницијативата се Acer, Asus, Lenovo, Qualcomm и HTC. Со оглед на тоа дека телефоните се наменети за пазар каде просечната плата е околу 250 долари, цената е од пресудно значење. Затоа Android One уредите користат поевтинини компненти.

Телефоните доаѓаат со 1,3GHz MediaTek четири јадрен процесор, 1GB RAM меморија, 4GB слободен простор и простор за microSD, dual-sim слот, 5МР и 2МР камера, FM-радио и 1.700 mAh-батерија која се менува. Ова се минималните спецификации кои мора да бидат исполнети за телефонот да биде дел од Android One иницијативата. Сите телефони доаѓаат со Android L, телефоните кои сега излегуваат се со Android 4.4 KitKat, но оперативниот систем ќе биде автоматски надграден со излегувањето на Android L, а надградбата ќе доаѓа директно од Google.

„Со Android One сакаме да им помогнеме на луѓето да бидат онлајн, сакаме да бидеме сигурни дека кога ќе дојдат таму, ќе можат да се поврзат со информациите и знаењето кое им е достапно на сите“, вели Google.

[youtube]X7UPR9z3OV8[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии