Android не ни ја почитува слободата, вели евангелистот за слободен софтвер Ричард Сталман

До кој степен Google ја почитува слободата на корисниците?, прашува легендарниот гуру за слободен софтвер и основач на Free Software фондацијата, Ричард Сталман во својата колумна во Guardian.

Според него, прашањето не е дали кодот на Android е отворен, туку дали им дозволува на корисниците да бидат слободни. Верзијата на Linux која е вклучена во Android не е целосно слободен софтвер, платформата користи не-слободен фирмвер и неслободни библиотеки. Изворниот код на Android верзиите 1 и 2 е слободен софтвер, но овој код не е доволен за да работи уредот, вели г. Сталман. Некои од апликациите што одат со Android не се слободни.

Google не го објави кодот од третата верзија на Android, велејќи дека кодот има грешки. Но, за тоа корисниците и програмерите треба да одлучат, вели тој.

„Необјавевувањето на изворните кодови на две верзии е загрижувачка помисла дека Google можеби планира да го лиценцира Android целосно; дека објавувањето на некои Android верзии како слободен софтвер е само привремена итрина да ја добие поддршката на заедницата да го подобри нивниот лиценциран софтверски продукт. Да се надеваме дека тоа нема да се случи.“

Според г. Сталман, иако кодот е слободен, сепак апликациите за Android не се доволни слободни. Всушност Android користи YouTube и Google Maps, апликации кои се лиценцирани; важни драјвери и фирмвер се лиценцирани, пример тие за Wi-Fi, bluetooth, GPS, 3Д графика, камера, звучниците, микрофонот… Дури и некои производители одбираат да ги блокираат корисниците да инсталираат сопствен модифициран софтвер, ретко кој го користи Replicant, верзија на Android со исклучиво слободен софтвер, но која поддржува само некои модели. Добро е што некои модели дозволуваат да се „рутира“ телефонот, вели основачот на GNU проектот.

„Android е чекор напред кон етички, контролиран од корисниците мобилен телефон со слободен софтвер. Хакерите работат на Replicant, но има многу работа за да се поддржат новите модели на телефони, и тука останува проблемот со фирмверот. Иако денешниве Android телефони се гледаат како помалку лоши од паметните телефони на Apple или Microsoft, сепак не може да кажеме дека ја почитуваат вашата слобода.“

(фотографијата е од Wikipedia)

5 коментари на “Android не ни ја почитува слободата, вели евангелистот за слободен софтвер Ричард Сталман

  1. Целиот софтвер да беше слободен досега само еден ред код ќе се напишеше. Некои луге сакаат се да добијат без да платат ништо..

    1. Не е муабетот за тоа дали ние сакаме беспалтно… Идејата е јас би платил за андроид но да знам уште од самиот почеток дека тое е тоа а не прво една политика па послем друга политика!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии