Android Messages наскоро пристигаат на веб?

Дејан Соколоски

во Мобилни

Нова верзија на Android Messages наскоро преку веб интерфејс би можела да пристигне и на компјутер. Ова го забележа Android Police додека прегледуваше по APK фајлот на верзијата 2.9. Ова ќе овозможи впарување на телефонот и компјутер.

Google во новата верзија можеби се подготвува за одавање на Rich Communication Services (RCS). Станува збор за протокол помеѓу мобилните оператори, телефонот и телекомот. RCS треба да ги замени SMS пораките.

Компанијата веќе направи нешто слично со Allo. Сервисот може да се употреби и на телефон и на десктоп. Впарувањето е супер едноставно и помалку интересно. Корисникот пристапува на веб-страницата од лаптоп со која сака да го впари телефонот. Потоа веб-страницата му прикажува QR-код кој корисникот треба да го скенира.

Ако судиме по искуство со Allo, тогаш и Android Messages ќе функционира најдообро на Chrome.

Надградбата на апликацијата сè уште не е широко достапна. Но, сите заинтересирани може да ја инсталираат од следниот линк. За повеќе податоци за надградбата посетете го Android Police, кој има повеќе детали од анализата на кодот на апликацијата.