Android Market надмина 10 милијарди симнувања на апликации

Google го прославува 10-то милијардито симнување на апликации од Android Market. Симнувањето забрзува со отприлика една милијарди симнување секој месец.

Од стартувањето во 2008-ма година на Android Market му требаше скоро година дена за да стигне до 1 милијарда симнувања. Потоа за само две години мобилната платформа забележа огромна популарност и продавницата до јули 2011-та стигна до 6 милијарди симнувања. Од средината на јули до почетокот на декември, за околу пет месеци, Android Market забележа неверојатни 4 милијарди симнувања, или вкупно 10 милијарди симнувања на апликации.

„Не може да дочекаме да видиме дали овој забрзан раст ќе продолжи во 2012-та.“, вели главниот за екосистемот на Android, Ерик Чу во блог пост.

За да го прослави настанот, Google заедно со неколку Android програмери, почнувајќи од денес па во следниве 10 дена, ќе дозволат да се симнуваат популарни апликации за само 10 центи. Ова е моментот да се зграпчат за ситни пари кул апликации како Great Little War Game, Minecraft, Paper Camera, Asphalt 6 HD и други.

Android Market моментално има над 300.000 апликации, но проблемот со квалитетот се уште е присутен. За разлика од конкурентниот Apple App Store кој има скоро пола милион iOS апликации кои мора да бидат одобрени пред објавување, Google дозволува да се закачуваат апликации без проблем на Аndroid Market. Проблемот со тактиката да се добие на квалитет е што поголем дел од апликациите не се баш квалитетни.

Сепак се очекува Android наскоро да завладее на пазарот со својата масовност, но тоа ќе се случи откако ќе го претрка Apple App Store кој е блиску до 20 милијарди симнувања на апликации.

1 коментар на “Android Market надмина 10 милијарди симнувања на апликации

  1. Џабе, од ова кога ние Македонските Програмери немаме никаков ќар, бидејќи нормално
    неможеме да продаваме апликации на маркетот, бидејки не е подржана Македонија,
    така да сега за сега мене ова лично не ми значи многу, се дури сме дискриминирани,
    подобро би било да објавите некој пост како да продадеме апликација на овој или друг маркет,
    ако постои некој начин.
    Поздрав.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии