Android Market има над 400.000 aпликации

Сега има над 400.000 апликации достапни за симнување од Android Market, вели Destimo, компанија која го анализира мобилниот пазар.

Android Market е многу блиску да го надмине Apple App Store кој моментално има пола милион достапни апликации. Се проценува дека Android ќе се изедначи со iOS во бројките во наредниве два месеца. Но проблемот кој сè уште го има Android пазарот е што поголем број од достапните апликациите не се кој знае каков квалитет. Ова е бидејќи Google, за разлика од Apple, RIM и Microsoft со своите соодветни продавници, не ги прегледува апликациите пред тие да бидат објавени.

Според Destimo, најголемиот придонес за ова достигнување на Android Market се бесплатните апликации, Процентот на бесплатни апликации се зголемува со секој месец. Ако во април 2011-та 60 отсто од апликациите достапни на пазарот биле бесплатни, сега на крајот на 2011-та тој процент е искачен на 68 отсто. Кон поголемиот број бесплатни апликации придонесува и тоа што има се повеќе freemium содржина, односно бесплатна апликација со дополнителна содржина за која се наплаќа.

Покрај бројот на апликации, Android Мarket забележува и рекорден број на издавачи. Над 100.000 студија и програмери споделуваат свои апликации во продавницата.

1 коментар на “Android Market има над 400.000 aпликации

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии