Застрашувачки малициозен софтвер прислушува преку изгасен Android телефон

Новопронајден малициозен софтвер на Android може да ве прислушува дури и ако го исклучите телефонот, велат безбедносните експерти на AVG кои го пронајде софтверот. Кога го гасите телефонот, софтверот ја презема контролата врз телефонот, па наместо да се изгаси, тој влегува во состојба како да е „заспиен“ и и ве шпионира.

При исклучувањето, телефонот наизглед поминува низ вообичаените фази. Анимацијата за гасење поминува и екранот се исклучува, но телефонот може да снима аудио, да испраќа пораки и податоци, да фотографира или да снима видео. Софтверот ги напаѓа сите верзии на Android освен 5.0, но потребни се root-пермисии за негово функционирање. Бројот на инфицирани телефони за сега не е голем, односно 10.000 уреди од кои најголем дел се во Кина.

Од AVG софтверот го нарекоа Android/PowerOffHijack.A и истовремно објавија дека нивниот антивирус успешно ја детектира безбедносната закана, но ги советуваат корисниците доколку сакаат да бидат сигурни дека нивниот телефон е исклучен да ја извадат батеријата?!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
roki
roki
11 years ago

a ako ima telefoni na koi bateriite ne im se vadat :D