Android Lollipop: 20 совети за долготрајна батерија и побрз телефон

(Oва е гостински пост од Андреј Шевченко, кој работи како маркетинг експерт во софтверска компанија во Варшава, и е во постојана потрага по интересни гаџети)

Издржливоста на батеријата кај денешните Android телефони е еден од најголемите предизвици за Google. Со промоцијата на Lollipop во јуни видовме дека Google се обидува да го реши овој проблем со Project Volta, кој треба го оптимизира работењето на системот. Android Lollipop донесе и нова опција наречена Battery Saver, кој се вклучува кога батеријата на телефонот ќе дојде до критично ниво. Но, тоа само го одложува неизбежното – дека батерија ќе згасне и ќе останете без интернет конекција, или уште полошо – без телефон за да се јавите.

После една недела помината со Lollipop, сфатив дека мора да сменам нешто на мојот Nexus 5 доколку сакам телефонот да ми биде достапен повеќе од едно деноноќие. По многу тестови и оптимизации креирав листа на едноставни совети за подолготрајна батерија, а воедно и побрз оперативен систем. Некои од овие совети не се ништо ново и се логични за повеќето Android корисници. При мојата оптимизацијата не користев апликации, бидејќи сакав тоа секој да може да го направи на својот телефон, без дополнителни трошоци.

Исклучете го скенирањето на Wi-Fi мрежи

Во Settings/Wi-Fi кликнете во горниот десен агол, па потоа на Advanced. Тука исклучете ги Network notification и Scanning always available. Доколку сакате да се поврзете на некоја безжична мрежа тоа може и сами да го направите, без постојано системот да скенира во позадина.

Исклучете Bluetooth

Ова е едноставно – ако немате поврзан Bluetooth уред, нема потреба конекцијата да биде вклучена. Појдете во Settings/Bluetooth и исклучете ја.

Исклучете 4G

Ако не симнувате големи фајлови, не гледам потреба од 4G. 3G е сосема доволен за сурфање, слушање музика преку Google Play Music All Access (320 kbps стрим), гледање YouTube HD видеа и сл. 4G eдноставно „јаде” батерија. Ако навистина немате потреба од него, предлагам да одберете 3G. Доколку пак сакате спор интернет нон-стоп кој е доволен само за праќање мејлови (без слики), тогаш одберете 2G.

Исклучете NFC

Дали го користите NFC? За жал оваа технологија сѐ уште не е распространета доволно. Можеби еден ден. Дотогаш, исклучете го.

Сами подесете ја светлината на екранот

Android Lollipop ја адаптира светлината на екранот со помош на мал сензор, во зависност од околината каде се наоѓате. За мене овие автоматски менувања беа премногу светли, па затоа решив сам да ја менаџирам светлината преку новото спуштачко мени во Android 5.0.

Оваа опција е наречена Adaptive brightness и може да ја исклучите во Settings/Display. Дополнително, подесете и време за исклучување на екранот по неактивност (Sleep во менито).

Исклучете ги непотребните вибрации

Ако тастатура на која пишувате прави телефонот да вибрира, пробајте да ги отстраните вибрациите во Settings/Language & input/Google Keyboard/Preferences. Исклучете го Vibrate on keypress.

За да ги исклучите вибрациите при отклучување телефонот, заклучување и слично, влезете во Settings/Sound & notification/Other sounds и исклучете го Vibrate on touch.

Одберете GPS опција која ја штеди батерија

GPS е исто така еден од поголемите „цицачи” на батерија. Меѓутоа без GPS не се може бидејќи многу луѓе користат сервиси што зависат од оваа прецизна технологија. Сепак, доколку немате потреба од навигација и прецизно одредување на вашата локација, тогаш предлагам да одберете Battery saving во Settings/Location/Mode.

Исклучете го испраќањето на локација до Google

Константното испраќање на податоци за вашата локација има цена која ќе се одрази на батеријата. Доколку не користите апликации за локација, исклучите ги Location Reporting и Location History во Settings/Location/Google Location Reporting.

Исклучете ги сервисите за печатење

Ако не печатите често, исклучете ги сервисите на Google или HP. Оној на HP сега е посебна апликација во Google Play Store, која може да ја отстраните од системот ако немате HP печатар.

Искористете ги можностите достапни за програмери и забрзајте го телефонот

Ова е едно од подесувањата кое ќе ја подобри брзината на системот. Lollipop изгледа малку поспор од KitKat, главно поради многуте анимации и материјален дизајн. За да ги намалите анимациите во Lollipop, прво ќе треба да го откриете делот за Аndroid девелопери. Следете го ова упатство:

  • Влезете во Settings менито, а потоа најдолу во About phone;
  • Одете повторно на дното на листата, каде ќe има Build number;
  • Допрете го Build number седум пати по ред

По оваа кратка постапка би требало да имате Developer options во Settings. Влезете во Developer options каде ќе најдете три поставувања за анимации. Сменете ги на .5x или исклучете ги. На Nexus 5 користам .5x, но на Nexus 7 (2012) кој е далеку послаб уред ги исклучив целосно. Споредете и одлучете што би сакале повеќе – брзина или убави анимации.

Уште една интересна опција тука е Background process limit, која ќе ги ограничи процесите во позадина според одбраната бројка. At most 4 processes (најмногу 4 процеси) изгледа како логичен избор за некој што не е по мултитаскинг. Ако користите многу апликации истовремено, можеби ова не е за вас.

Форматирајте го кешот

Ова е корисно кога инсталирате поголем апдејт како Lollipop. Можеби ќе треба да почекате десетина минути, но ништо нема да биде избришано од телефонот. Приметив мало забрзување на сите апликации по оваа постапка. Погледнете го видеото подолу.

[youtube]9MgvKEuzyik[/youtube]

Отстранете ги виџетите

Виџетите се поврзуваат со сервиси, реклами и некогаш непотребно стојат на вашиот екран. Дали е неопходно во секој момент да ја знаете температурата надвор? Отстранете ги за максимална прегледност и намалување на конекциите.

Отстранете ги позадините со анимација

Анимации… анимации насекаде. Одлично изгледаат, но за жал сѐ што изгледа убаво на Android 5.0 троши батерија. Обична слика како позадина е секогаш подобра опција за вашата батерија.

Отстранете ги непотребните апликации

Отстранете ги апликациите што не сте ги користеле во последните 30 дена. Оние за една употреба можете да ги симнете во секое време. Дополнително, проверете во Settings/Battery кои апликации најмногу ја користат батеријата.

Одберете кои апликации користат автоматска синхронизација

Сметките кои ги имате се поврзуваат со своите сервери, вклучуваат GPS и што сѐ не, па затоа постојано ви ја цедат батеријата. Одлучете што е потребно да ви стига како нотификација, а останато отштиклирајте го. Во секое време можете да ја синхронизирате апликациата со обично вклучување. Кај мене Google Fit трошеше најмногу батерија па затоа го исклучив. За да ги подесите влезете во Settings/Accounts.

Искористете ја новата опција за штедење батерија

Battery Saver е нова опција во Lollipop. Може да ви заштеди батерија кога сте на минимум, со тоа што ќе ги намали перформансите на телефонот, ќе ги исклучи вибрациите и синхронизацијата во позадина. Gmail, Hangouts, Messenger и слични апликации нема да прикажуваат нови апликации доколку не ги отворите. Battery Saver има две опции засега: може да го подесите автоматски да се вклучува штом батеријата се намали на 15% или 5%. Штом ја наполните батеријата, системот ќе се врати во првобитна состојба. Преку копчето во горниот десен агол може да го вклучите во било кое време.

Како предупредување дека работи во позадина, Battery Saver ќе го смени горниот и долниот дел од менито во портокалова боја.

Погледнете кои апликации работат во позадина

Проверете кои апликации работат во позадината на системот. Доколку видите нешто сомнително или апликација која не ја користите, стопирајте го процесот или отстранете ја.

Ажурирајте ги сите апликации

Едноставно ажурирајте ги сите апликации. Новите промени можеби ќе ги оптимизираат и тие помалку ќе ја користат вашата батерија.

Исклучете го или оптимизирајте го Google Now

Google Now има толку многу опции моментално, што е можеби еден од поголемите потрошувачи на батерија. За да го исклучите влезете во Settings/Accounts/Google/Search.

Бидејќи го сметам за корисен, тешко беше да се откажам целосно од него. Ако не сакате да го исклучите, пробајте да го оптимизирате. Отстранете ги картичките кои не ги користите, како и клучниот збор „OK, Google“ кој цело време во позадина детектира кога ќе го кажете магичниот збор. За да го исклучите влезете во Settings/Accounts/Google/Search/Voice/”OK Google” Detection.

Вратете ги табовите во Chrome

Новата опција на броусерот Chrome ги спојува табовите и апликациите. Па така, сега во листата на последни апликации се појавуваат последните посетени сајтови. Иако за некој ова може да е корисно, дополнителното скролање и анимации ја забавуваат работата на телефонот. Доколку сакате табовите да останат во Chrome, влезете во Chrome/Settings и исклучете ја опцијата Merge tabs and apps.

Моментално не постои опција за автоматското исклучување на мобилниот интернет во Lollipop. Google го прекина пристапот за сите, па сега апликациите како Tasker кој автоматски го менаџираше мобилниот интернет не работат. Доколку сакате да го исклучите мобилниот интернет кога ќе се исклучи екранот (не ви треба интернет во џеб нели) ќе мора да го рутирате телефонот. Тоа ќе ви ги избрише и сите податоци. По рутирање, инсталирајте LeanDroid и ќе добиете опции за управување со WiFi, мобилниот интернет (2G, 3G, 4G), Bluetooth и GPS.

Ако ништо од овие совети не ви помогна, едноставно избришете сѐ и пробајте со нова инсталација (Settings/Backup & reset/Factory data reset). Понекогаш и тоа е потребно.

И покрај сите оптимизации, некогаш ви е потребно телефонот да функционира повеќе од 2 до 3 дена. Погледнете ја најновата 16000 mAh надворешна батерија од Xiaomi, која ветува 5-6 целосни полнења и може да наполни два уреди истовремено.

Ваши совети за долготрајна батерија и побрз Android телефон?

Одвојте неколку минути за да ги споделите вашите совети, како сите ние би уживале што подолго во магијата на паметните телефони. Полето за коментари е отворено!

3 коментари на “Android Lollipop: 20 совети за долготрајна батерија и побрз телефон

  1. Луѓе дајте помош да не ми стига привјуто од нотификациите на панелот горе ко прозорче што се спушта, знае некој?

    Таблет користам Нексус7

  2. Едно големо благодарам за статијава, досега најсодржајна во поглед на долготрајност на батерија и брзина на телефон што ја имам прочитано и применето. понатаму би додал дека сега има и опција за лимитирање на interruptions, како што се за настани, повици, пораки и сл. , како и можност секоја одделна апликација било да се блокира, да се стави приоритет или она што е посензитивно од нотификации да се прикажува. Тоа плус би издвоил, кое исто така го продолжува времетраењето на батеријата. Поздрав, Владимир

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии